Кристиано Роналдо руши рекорди на надвор од терените, па денес стана првата личност со 200 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Роналдо несомнено е најпопуларниот спортист на светот, а според многумина и најдобар фудбалер на сите времиња, но ако се земат во предвид социјалните мрежи Португалецот е и најпопуларна личност на светот со 200 милиони следбеници на Инстаграм.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Зад Роналдо се најде пејачката Ариана Гранде со 173 милиони следбеници, а втор најпопуларен фудбалер на Инстаграм е Лионел Меси со 141 милион луѓе кои го следат на оваа социјална мрежа, додека трет најпопуларен фудбалер е Нејмар со 132 милиони.