Дома Останати Неуништливиот Федерер спаси 7 меч топки и се пласира во полуфинале

Неуништливиот Федерер спаси 7 меч топки и се пласира во полуфинале

Спектакуларен натпревар во четвртфиналето на Австралија опен одиграа утрово Роџер Федерер и Тенис Сандгрен. Швајцарецот спаси 7 меч топки и успеа да се пласира во полуфинале.

Федерер одлично го почна мечот и го доби првиот сет против Тенис Сандгрен со 6-3, но потоа почна да чувствува болки, па го намали ритамот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сандгрен го искористи тоа и лесно ги доби следните два сета со идентичен резултат 6:2. Потоа гледавме неверојатна драма во четвртиот сет. Федерер беше пред пораз, но некако успеа да се спаси и да избори петти сет. По неверојатната драма, четвртиот сет влезе во тај-брејк, каде Федерер успеа да слави со одлични 10:8. Така Швајцарецот го доби сетот со 7:6 и го израмни мечот на 2:2.

Неверојатниот камбек му даде сила и успеа да го добие решавачкиот сет со 6-3 и да слави чудесна победа.

Во полуфиналето Федерер ќе игра со подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Раониќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа ќе игра квалификации за Австралијан опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најго…