Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра очајно. Од коло во коло навивачите на овој тим доживуваат нови шокови, а раководството на тимот не превзема ништо да ја смири ситуацијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челниците на клубот му даваат апсолутна поддршка на Солскјер, но навивачите на клубот не им даваат поддршка и бараат Вудвард да си замине.
Според нив тој е најголемиот виновник за тоа што се случува, па така на наредниот домашен натпревар против Волвс ќе ги напуштат трибините.
Натпреварот против Волците се игра на 1. февруари, а навивачите на Јунајтед организирано во 58. минута ќе ги напуштат трибините на Олд Трафорд и на тој начин ќе го искажат незадоволството против челниците во клубот.
Останува да видиме дали оваа најава од навивачите ќе биде исполнета.