Дома Трансфер зона Милан и Севиља блиску до договор за Сусо

Милан и Севиља блиску до договор за Сусо

Италијанските медиуми открија дека шпанскиот интернационалец Сусо имал состанок со раководството на Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.

Најсилен интерес за Шпанецот покажува Севиља, а последните информации од Апенините се дека двата клуба се блиску до договор.

Имено, Сусо ќе се пресели во Севиља на 18-месечна позајмица со задолжитечен откуп од 25 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…