Ракометарките на Вардар сезоната ја заврши со двојната круна во домашното првенство, четврта во клупската историја, а во Лигата на шампионите го освоија второто место, што е чекор понапред во однос на претходните години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезоната која заврши во понеделникот беше последна за шест ракометарки кои беа дел од Вардар. Мајса Песоа, Дијана Илина, Сања Дамјановиќ, Камила Херем и Тамата Мавсар го напуштаат клубот додека Германката Ања Алтхаус става крај на кариерата.