Дома Трансфер зона Доаѓа крајот на „сапуницата“: Олмо ги напуштил припремите на Динамо!

Доаѓа крајот на „сапуницата“: Олмо ги напуштил припремите на Динамо!

Дани Олмо ги напуштил припремите на Динамо во Ровињ и отпатувал за Загреб. Од соиграчите се простил во солзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од почетокот на зимскиот преоден рок се чека на трансфер на Олмо и сега е јасно дека тоа ќе се случи. Милан, Барселона и Лајпциг беа најсериозните кандидати за неговиот потпис, на крајот изгледа трката ја добиле Германците.

Според информациите на хрватскиот медиум „Спортске Новости“ денес треба да се договорат последните детали и Олмо да отпатува на медицински прегледи.

Вкупната заработка на Динамо со се бонусите и процентот од идниот трансфер би можела да изнесува 35 милиони евра. Сигурната заработка наводно е 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…