Конор Мекгрегор е човек со кој апсолутно сите сакаат да се борат. Сите освен Кабиб Нурмагомедов, кој не сака да му даде реванш на Ирецот додека тој не почне да реди победи во рингот.
Сепак, борба меѓу Мекгрегор и Kабиб е нешто што го сака УФЦ, но и навивачите, а тоа јасно го порача претседателот на организацијата Дена Вајт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По Џорџ Масвидал и Камар Усман за борба против Мекгрегор е подготвен и поранешниот предивикувач за шампион во лесна категорија Дастин Порие.
„Број два и број три на листа. Одиме повторно“, напиша Порие.
Подготвен е да се бори во било која категорија, но тешко може да се очекува дека Порие ќе добие борба против Мекгрегор.