Дома Топ вести Барселона тргнува по Обамејанг

Барселона тргнува по Обамејанг

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема да стави потпис на нов договор и сака што побрзо да ја промени средината.

Надежите на клубот беа дека со доаѓањето на Микел Артета за нов кормилар, Обамејенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите тврдења и информираат дека Африканецот веќе донел одлука да си замине од „Емирати“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која е во потрага по напаѓач, кој ќе може да биде замена за Луис Суарез.

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен, токму во Обамејанг ја гледа идеалната замена за Суарез кој може веднаш да има важна улога во играта на Каталонците.

Обамејанг сезонава постигна 14 гола за Арсенал, а договорот со „топчиите“ му истекува идното лето. Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот со тоа што освен пари ќе понуди и некој играч.

Сепак, тешко е да се поверува дека Арсенал ќе му дозволи на најдобриот играч да си замине од клубот на среде сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…