Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, но влезе во последната година од договорот, па има многу шпекулации за неговата иднина.
Мертенс има договор со Наполи до крајот на сезоната и може да замине како слободен агент во текот на летото, а се шпекулира дека клубот ќе го продаде уште во јануари за да се ослободи од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, „Скај Спорт“ известува дека се случил голем пресврт. Мертенс е решен да остане во Наполи затоа што верува дека може да ги реши несогласувањата со претседателот. Тој сака да остане барем уште две сезони, а останува да се види како клубот ќе реагира на тоа.
Мертенс се поврзуваше со Арсенал, Интер и Рома оваа зима, но ги одби овие понуди и реши да остане во Наполи. Тој пристигна во овој клуб во 2013 година од ПСВ, постигнувајќи 118 голови на 304 натпревари.