Дома Фудбал Инсиње испрати извинување до расплаканото момче

Инсиње испрати извинување до расплаканото момче

Во Наполи работите едноставно не одат како што треба, а доказ за тоа се трите порази во низа.

Последниот пораз Наполи го претрпе на домашен терен од Фиорентина во саботата. Фиорентина славеше победа од 0:2 и го однесе цел плен од Сан Паоло.

Додека во тек беше тв пренесот од споменатиот натпревар на трибините беше снимен кадар од расплакано момче. Тоа расплакано момче набрзо стана симбол на моменталната ситуација во Наполи.

Денес напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње испрати извинување до малото момче

„Здраво Марио, многу ми е жал што плачеше поради резултатот. Можеме да ти ветиме дека ние ќе дададеме се од себе да имаме што подобра сезона за ти повторно да се смееш со нас“ , порача Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …