Едно од првите засилувања кои Антонио Конте ги донесе во Интер беше крилниот фудбалер од Херта, Валентино Лазаро.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Австрискиот репрезентативец требаше да биде големо засилување за „нероаѕурите“ кои за него 22 милиони евра, но Лазаро не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“.
23-годишниот фудбалер ретко добива минутажа во последно, па Интер е спремен да го испрати на позајмица во зимскиот преоден рок.
Најсилен интерес за Лазаро покажува Њукасл, кој веќе е во напредни преговори со Интер. Англискиот клуб го сака играчот на 6-месечна позајмица со можност за откуп за 20 милиони евра на лето.