Лидерот во Бундеслигата, тимот на Лајпциг сака значително да го засили својот тим во зимскиот преоден рок за да може да дојде до историска титула.
Денес стигна потврда дека Лајпциг го договорил трансферот на Дани Олмо од Динамо Загреб за вкупни 35 милиони евра, но германскиот клуб не сака тука да застане.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лајпциг нема финансиски проблеми бидејќи има одлични спонзори, па сега се насочува кон играчот на Интер и австриски репрезентативец, Валентино Лазаро.
Австрискиот репрезентативец требаше да биде големо засилување за „нероаѕурите“ кои за него платија 22 милиони евра, но Лазаро не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“.
23-годишниот фудбалер ретко добива минутажа во последно, па Интер е спремен да го испрати на позајмица во зимскиот преоден рок.
Лајпциг го сака играчот на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп следното лето, па двата клуба се блиску до договор.