Дома Македонски спорт Мак ракомет Петар Ангелов ќе го чува голот на Пролет

Петар Ангелов ќе го чува голот на Пролет

Македонскиот ракометен голман, Петар Ангелов се врати во Македонија и кариерата ќе ја продолжи во РК Пролет. 

Скопскиот клуб потпиша договор со поранешниот репрезентативен голман, Петар Ангелов-Диви за наредните 18 месеци.

42-годишниот ветеран со своето искуство треба да му помогне на Пролет да се избори за разигрувањето за титулата во Суперлигата, а тимот моментално се наоѓа на 4-то место на табелата.

Ангелов прави кам-бек во македонскиот ракомет од Ратинген, а освен во германскиот тим играше и за Кремс во Австрија, за Трембле во Франција и за Анталија во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Златен гонг“ во „Расадник“, Скопје очекува боксери од до 20 земји

Меѓународниот боксерски турнир ќе го има своето 55. издание од 13 до 15 ноември. Домаќин н…