Дома Трансфер зона Емре Чан побарал итен состанок со управата на Јувентус!

Емре Чан побарал итен состанок со управата на Јувентус!

Играчот за врска на Јувентус, Емре Чан побарал итен состанок со раководството на клубот бидејќи стравува дека може да го пропушти Европското првенство кое се игра во летото кое следи, пишува „Газета дело Спорт“.

Чан едвај да играше оваа сезона во Јувентус и воопшто не беше во составот за куп натпреварот против Удинезе во средата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета“ тврди дека тој е загрижен и побарал итен состанок со раководството на „стартната дама“ затоа што не сака да остане без настап на Европското првенство бидејќи факт е дека мора да игра ако сака да добие повик.

Чан сезонава запиша два настапи во Серија А, но само два пати беше стартер. Фудбалерот ќе бара поголема минутажа или дозвола да си замине до крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…