Хрватските медиуми, предводени од „Спортске Новости“ и понатаму се упорни дека Дани Олмо ќе потпише за Милан.
После веста која се појави во средата навечер дека Олмо е пред потпис со Милан, вчера следуваше демант од луѓето во Милан, но веќе денес Хрватите одново тврдат дека трансферот е пред реализација и пишуваат за деталите од договорот на Олмо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Звонимир Бобан го договорил трансферот на офанзивниот играч за врска.
Медиумот од Загреб пиува дека Милан на Динамо ќе му плати веднаш 20 милиони евра, дополнителни пет ќе бидат исплатени преку бонуси, а Динамо ќе добие и процент од идниот трансфер на Олмо.
Со Милан младиот фудбалер би потпишал договор на пет години и ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона. Ќе потсетиме Динамо му нудеше на Олмо договор според кој би заработувал 1.5 милиони евра годишно, но Шпанецот тоа го одби.
Динамо нема навика да им стои на патот на своите играчи и се однесува џентлменски кон Олмо. Дополнителна причина да се мисли дека трансферот е блиску до реализиација е што Олмо денес нема да биде стартер во натпреварот против Локомотив.