Ракометната репрезентација на Шпанија е новиот рекордер во однос на последователните победи на Европските првенства.
Со победата над Чешка (31:25) во првиот натпревар од втората групна фаза Шпанија стигна до седмата последователна победа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанците се актуелен шампион на Европа. Во 2018 година тие во завршницата ги совладаа Германија, Франција и во финалето Шведска со резултат 29:23.
Серијата победи продолжи во 2020 година. Во првата групна фаза паднаа Латвија, Германија и Холандија, а вчера беше совладана и Чешка.
Следниот противник за Шпанија ќе биде еден од домаќините на турнирот, репрезентацијата на Австрија. Тој натпревар се игра во сабота.