Дома Трансфер зона Јунајтед во пол-позиција за „вундеркинд“ од Бирмингем

Јунајтед во пол-позиција за „вундеркинд“ од Бирмингем

Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари, па покрај Бруно Фернандеш е на добар пат да обезбеди и засилување за иднината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 12,5 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.

Иако има смао 16 години тој веќе запиша 23 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.

Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Понудата од 12,5 милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингем ќе се развива понатаму и ќе напредува.

За Белингам силен интерес покажуваат сите поголеми англиски клубови, но Манчестер Јунајтед е во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…