Раководството на Јувентус подготвува понуда за нов договор на Пауло Дибала, пренесуваат италијанските медиуми.
Во Јувентус се многу задоволни од перформансите на Аргентинецот оваа сезона и поради тоа сакаат да му понудат долгорочен договор со подобрени финансиски услови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дибала беше стевен на трансфер листа ова лето, но самиот инсистираше да остане во Торино и со добрити игри го убеди тренерот Маурицио Сари.
Аргентинецот игра одлично оваа сезона и до сега има постигнато 9 гола и 8 асистенции на 24 меча.
Договорот на Дибала истекува во 2022 година и годишно заработува 7 милиони евра, а „старата дама“ сака да му понуди договор до 2024 година и годишна плата од 10 милиони евра.