Maкедонските ракометари денес во 18:15 часот ќе играат клучен натпревар за пласман во следната фаза против Австрија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ние имавме прилика со победа против Чешка да обезбедиме пласман во следната фаза, меѓутоа тоа не се случи бидејќи Чесите беа подобри од нас и не победија, па сега ќе мораме до следната фаза по потешкиот пат.
Македонија сама си ја крои судбината, па ќе бара победа од два-три разлика, а тоа нема да биде лесно бидејќи Австрија е домаќин и одигра одлично во првите два меча.
Калкулациите велат дека ако ја победиме Австрија со два или повеќе голови разлика сигурно одиме во следната фаза, но можеме да се пласираме и со реми доколку Чешка загуби од Украина.
Европското првенство можеме да го продолжиме и со обична победа од еден гол разлика, но во тој случај ќе зависиме од исходот на мечот Украина – Чешка.
Добро е што судбината е во наши раце и си ја кроиме сами, а ова не е прв пат одлучувачкиот натпревар да го играме против Австрија. Пред шест години на ЕП во Данска, Македонија ја совлада Австрија (22-21) и се пласира во вториот круг.
Нека биде така и денес…напред Македонија!