Дома Фудбал Барселона го објави името на новиот тренер!

Барселона го објави името на новиот тренер!

Како што беше најавено, Барселона синоќа назначи нов тренер.

Ернесто Валверде беше отпуштен откако помина две и пол години во Барселона, а нов тренер е Кике Сетиен.

Тој потпиша договор до летото 2022 година, а денеска ќе има официјална презентација на Ноу Камп.

Сетиен го водеше Бетис, претходно работеше во Лас Палмас, Луго, Сантандер … Тој е познат како тренер кој негува да игра атрактивен фудбал кој навивачите на Барселона го обожаваат, и кој отсекогаш бил филозофија на каталонскиот гигант.

Сетиен за клупата на Барса беше во конкуренција со Маурисио Покетино, откако претходно Чави го одби каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…