Дома Тенис Ѓорческа со нов скок на ВТА листата

Ѓорческа со нов скок на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, забележа нов „скок“ на ВТА листата и го бележи својот најдобар пласман во кариерата.

Ѓорческа во однос на претходното рангирање напредуваше за девет позиции и сега се наоѓа на 171 место на ВТА листата.

Инаку, Македонката утре ќе го започне настапот во квалификациите за Гренд слем турнирот, Ролан Гарос.

Ѓорческа, лани учествуваше во квалификациите за УС Опен, но не го мина првото коло, додека во јануари на квалификациите за пласман на Австралијан Опен, не успеа да ја мине последната пречка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зафировска бара подобри услови: Масовноста не е доволна за одбојкарски напредок

Поранешната капитенка на Македонија предупредува дека интересот кај девојчињата мора да би…