Дома Трансфер зона Официјално: Милан го потврди второто засилување

Официјално: Милан го потврди второто засилување

Италијанскиот гигант Милан денес го потврди второто зимско засилување, а станува збор за искусниот дефанзивец, Симон Кјаер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кјаер доаѓа од Аталанта на 6-месечна позајмица со можност неговиот договор да биде откупен на крајот на сезоната.

Милан беше во потрага по дефанзивец откако се раздели со Калдара, па Данецот ќе биде алтернатива за стандардниот тандем Мусакио – Ромањоли.

Кјаер добро го познава италијанскиот фудбал, бидејќи покрај Аталанта играше и за Палермо и Рома, а има и голема интернационална кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…