Дома Топ вести Барселона експресно најде замена за Суарез

Барселона експресно најде замена за Суарез

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез поради повреда ќе биде надвор од терените до април, потврдија вчера од каталонскиот клуб.

Имено, поради операција на менискусот, Барселона соопшти дека Суарез ќе биде надвор од терените цели четири месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека сезоната за Уругваецот е практично завршена, па Каталонците ќе мора да интервенираат на трансфер пазарот и да донесат нов напаѓач.

Иако Суарез е практично невозможно да се замени бидејќи оваа сезона има 14 гола и 11 асистенции на 23 меча, сепак медиумите пренесуваат дека Барселона експресно му нашла замена на Уругваецот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека станува збор за Карлос Вела, најдобриот стрелец во американската МЛС лига.

Мексиканецот цели шест години го носеше дресот на Реал Сосиедад, па нема да има проблем да се адаптира во Примера, а Барселона веднаш започнала преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…