Фудбалерите на Лос Анџелес ФЦ синоќа на свој терен ги победија Колорадо Рапидс со резултат 3:1, а сите три гола за домаќините ги постигна Карлос Вела.
Мексиканецот игра фантастично по доаѓањето во МЛС и со тоа настана неверојатно ривалство помеѓу него и Златан Ибрахимовиќ. Синоќа е одигран последниот натпревар од регуларната сезона, а сега следи плеј-оф за шампион на САД.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вела и Ибрахимовиќ од почетокот водат неверојатна битка за најдобар стрелец, а Мексиканецот е во предност во однос на искусниот колега од ЛА Галакси.
Вела синоќа го сруши рекордот за најмногу голови постигнати во МЛС лигата. Тој во последниот натпревар од регуларната сезона заврши со 34 гола, додека Џозеф Мартинез од тимот на Атланта Јунајтед минатата сезона постигна 31.
28' – Carlos Vela breaks MLS's all-time scoring record
— ESPN FC (@ESPNFC) October 6, 2019
31' – Vela scores AGAIN with a bicycle kick ? pic.twitter.com/0lWm3wPgUs