Ракометарите на Вардар очекувано се старо-нови освојувачи на трофејот во Купот на Македонија.
Во финалето на завршниот турнир во Битола, ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Работник со 31-26 полувреме 16:13.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако битолската екипа во воведната четвртина о мечот беше рамноправна, сепак во продолжението вардарци ја потврдија улогата на фаворит и на одмор заминаа со три гола предност. Во вториот дел црвено-црните рутинирано ја одржуваа, а моменти и зголемуваа предноста која на крајот изнесуваше пет гола (31-26).
Најефикасен на натпреварот беше ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ кој средбата ја заврши со 8 постигнати голови, додека неговиот клупски колега и сонародник Лука Циндриќ кој постигна 5 гола во финалето, го освои признанието за најкорисен играч на финалниот турнир „МВП“.
Филип Чурлевски со 7 постигнати гола беше најистакнатиот играч на Еурофарм Работник, од чии редови Градимир Чаневски беше прогласен за најдобар голман на завршницата на купот.
За Вардар ова е вкупно 12-та титула во националниот Куп на Македонија, четврта во низа, а втора сезонава. Првата ја освоија во СЕХА лигата. Втората е на повидок во домашниот шампиона, но најважна секако би била евентуалната „круна„ во Лигата на шампионите, каде вардарци на 3 јуни против Барселона ќе играат во полуфиналето на „фајнал-фор“ турнирот во Келн.