Дома Трансфер зона Канте добил понуда и побарал трансфер!?

Канте добил понуда и побарал трансфер!?

Н’Голо Канте без дилеми е еден од најважните играчи на Челзи.

Францускиот репрезентативец во Челзи пристигна летото 2016 година и брзо стана стандарден во тимот на Челзи. Придонесот на Канте во средниот ред значи многу и Лампард знае да го цени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канте минатата година ја продолжи верноста со Челзи до летото 2023 година, но англиските медиуми сега пишуваат дека тој побарал да му дозволат да замине на крајот на оваа сезона.

Како што пишува „Сан“ 28 годишниот фудбалер добил понуда од Реал Мадрид и има желба во редовите на „кралевите“ да ја продолжи кариерата. Реал за него е спремен да плати 100 милиони фунти.

Меѓутоа јасно дека е Челзи нема така лесно да го пушти. Според информациите играчот побарал состанок со челниците на клубот да се обиде да ги убеди да го продадат на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…