Дома Трансфер зона Вест Хем го победи Челзи во битката за португалски талент

Вест Хем го победи Челзи во битката за португалски талент

Англиските медиуми пренесуваат дека Вест Хем и Бенфика постигнале конечен договор за трансфер на младиот Жедсон Фернандеш.

Младиот португалски фудбалер е  предмет на интерес на Челзи и Вест Хем, а „чеканите“ испратија подобра понуда која Бенфика ја прифати.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фернандеш ќе се пресели во Лондон на 18-месечна позајмица со задолжителен откуп за 33 милиони фунти.

Челзи испрати понуда за позајмица и право на откуп за 55 милиони фунти, но само доколку фудбалерот одигра 50% од натпреварите на „Стенфорд Бриџ“.

Сепак, од португалскиот клуб веруваат дека Фернандеш нема да добива голема минутажа во Челзи и дека тоа нема да ја повлече откупната клаузула по крајот на едно и пол годишната позајмица.

Се очекува утре Фернандеш да пристигне во Лондон на лекарски прегледи, а потоа и официјално ќе стане нов играч на Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…