Долгогодишниот навивач на Норвич Бери Гривс направи потег за паметење.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гривс кој почина на 28. декември на 83 години во тестаментот оставил 100 фунти и јасно порачал да се обратат кај директорот за финансии во неговиот сакан клуб.
„Секогаш зборуваше дека сака да остави 100 фунти на играчите во тестаментот. Сакаше на тој начин да се заблагодари за се што преживеа поради нив. Сакаше да направи нешто посебно за саканиот клуб“, изјави ќерката на Гривс, Сара.
Гривс како 10 годишник дошол на првиот натпревар на Норвич и од тогаш бил верен на трибините.