Дома Фудбал Англија Анчелоти започнува чистка во Евертон

Анчелоти започнува чистка во Евертон

Англиските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти сака да изгради во Евертон тим по своја мерка и веќе му ја отворил излезната врата на еден фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Сан“,првио играч на кого Анчелоти му порачал дека може да си оди е Гилфи Сигурсон, кој моѓе да го напушти Евертон до крајот на месецот.

Анчелоти спрема мала „чистка“, па покрај Сигурсон на излезна врата се уште и Џенк Таусенд, Морган Шнедерлин како и дефанзивецот Мајкл Кин.

Италијанецот останал крајно разочаран од настапот на неколку играчи во мечот против Ливерпул и јавно им соопштил дека за нив повеќе нема да има место во тимот.

Анчелоти сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а поголеми промени ќе има наредното лето, кога менаџерот ќе добие голем буџет за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брера Струмица избра нов тренер!

Брера Струмица го промовираше Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на стручниот штаб, доверувајќи му ј…