Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Жељко Бабиќ нов тренер на Еурофарм Пелистер

Официјално: Жељко Бабиќ нов тренер на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер за нов предводник на стручниот штаб денеска го именуваше Жељко Бабиќ, кој ќе го замени Алушевски на кормилото.

„Со огромно задоволство, ве информираме дека нов шеф на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер ќе биде Жељко Бабиќ, поранешен селектор на хрватската ракометна репрезентација и тренер на ППД Загреб, Мешков Брест и Горење Велење“, се вели во соопштението.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска во 2016 година го освои бронзениот медал. 

Бабиќ е докажан ракометен стручњак,со кој Еурофарм најавува висок пласман во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…