Дома Останати Кошарка НБА Нова супер вечер за Дончиќ и победа на Далас против Чикаго (ВИДЕО)

Нова супер вечер за Дончиќ и победа на Далас против Чикаго (ВИДЕО)

Далас Маверикс вчера пред своите навивачи го победија Чикаго Булс со 118:110.

Домаќинот успеа да дојде до нова победа иако Булси пружија и тоа како добар отпор. Од самиот почеток на натпреварот гледавме изедначен натпревар во кој Далас имаше минимална предност.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


После првата четвртина Далас водеше со 33:27 додека на пауза се замина со резултат 61:55. Во продолжение ја одржуваа предноста иако Булси неколку пати опасно се закануваа. Меѓутоа гостите немаа сили за целосно изненадување и Далас на крајот запиша победа со 118:110. Во екипата на Далас спектакуларен настап одново одигра Лука Дончиќ кој запиша нов трипл-дабл.

Дончиќ натпреварот го заврши со 38 поени, 11 скокови и 10 поени, покрај него се истакна Двајт Пауел со 16 поени и 7 скокови. Кога во прашање се Булси најефикасен беше Лаури Марканен со 26 поени и 9 скоквои, додека Зак Лавин додаде 20 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…