Дома Фудбал Валверде ја затвори вратата за Видал: Нема да си оди повеќе никој!

Валверде ја затвори вратата за Видал: Нема да си оди повеќе никој!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја затвори вратата за заминување на Артуро Видал и изјави дека во зимскиот преоден рок никој нема да си замине од „Камп Ноу“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Видал ја изненади јавноста кога потврди дека поднел тужба против Барселона поради неисплатен бонус од 2.4 милиони евра за минатата сезона, од Барселона му одговорија дека не ги добил парите затоа што не ги заслужил.

Поради сето тоа се зголемија гласините дека Видал ќе си замине во јануари, а не е тајна дека Чилеанецот сака да се врати во Серија А, каде силен интерес за него покажува милански Интер.

„После заминувањето на Алења никој повеќе нема да го напушти клубот во јануари. Јас сметам на Видал и потребен ми е до крајот на сезоната. Неговата тужба против клубот е административен проблем и тоа мене не ме интересира“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …