2019 година заврши, па сега се прават некои пресметки кои изостанаа во финишот на годината. Ако се погледне заработката кај спортистите победниците се фудбалерите на кои им припаднаа топ 3 позиции.
Според британскиот таблоид „Сан“ најголема заработка остварил Лионел Меси. Иако Роналдо е човекот кој остварил најголема заработка од спонзори и Инстаграм, Меси е пред него со заработка од 127 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо е втор, веднаш зад Меси со заработка од 109 милиони евра. Португалецот со неговите објави (најмногу на Инстаграм) заработил повеќе отколку од неговата плата во Јувентус, околу 30 милиони евра.
Трет е Бразилецот Нејмар кој годинава и не покажа многу на теренот, можеби повеќе се памети по скандалите надвор од теренот. Сепак и со таков послаб учинок Нејмар заработил 105 милиони евра.
Дури на четвртата позиција е првиот спортист кој не е фудбалер, а тоа е боксерот Канело Алварез со заработка од 94 милиони евра. Зад него топ 5 листата ја затвара Роџер Федерер со 93.4 милиони евра.
ТОП 10:
1. Лионел Меси (Фудбал) – 127 милиони долари
2. Кристијано Роналдо (Фудбал) – 109
3. Нејмар (Фудбал) – 105
4. Канело Алварез (Бокс) – 94
5. Роџер Федерер (Тенис) – 93.4
6. Расел Вилсон (Американски фудбал) – 89,5
7. Арон Роџерс (Американски фудбал) – 89.3
8. Леброн Џејмс (Кошарка) – 89
9. Стеф Кари (Кошарка) – 79,8
10. Кевин Дурант (Кошарка) – 65.4