Дома Фудбал Италија Аталанта има и заработка и успех: На тројца играчи потрошија 6.6 милиони евра, а ги продадоа за 106!

Аталанта има и заработка и успех: На тројца играчи потрошија 6.6 милиони евра, а ги продадоа за 106!

Вчера Дејан Кулушевски и официјално стана играч на Јувентус, меѓутоа тој до крајот на сезоната ќе остане во Парма како позајмен играч. Со овој трансфер уште една одлична зделка направи Аталанта.

Аталанта оваа сезона е хит во Европа бидејќи во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите успеа да се избори за место во осминафиналето каде што ќе игра против Валенсија. Освен што Аталанта одлично игра на теренот знае и како да заработи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кулушевски Парма го купи за 165.000 евра од Бромапојкарна, потоа го позајми на Парма да собира искуство меѓутоа поради одличните настапи се појави Јувентус и за него на Аталанта и плати 35 милиони, ако се додадат и бонусите 44 милиони евра.

Франк Кеси во Аталанта дојде од Стела Клуб од Брегот на Слоновата Коска за 1.5 милиони евра, па го продадоа на Милан за 32 милиони евра. Во 2018 година за Брајан Кристанте на Бенфика и платија пет милиони евра, за минатото лето да го продадат на Рома за 30 милиони евра.

Кога се ќе се собере од овие тројца Аталанта заработила – 105 милиони евра!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…