Дома Фудбал Лоши вести за Чемберс и Арсенал

Лоши вести за Чемберс и Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Калум Чемберс поради повреда ќе мора да паузира од шест до девет месеци, соопштија денес од „Емирати“.

Дефанзивецот го повреди левото колено на натпреварот против Челзи, а Арсенал денес потврди дека операцијата е извршена успешно и дека следи повеќемесечна пауза.

Ова е голем проблем за тренерот Артета, кој ќе мора да интервенира на трансфер пазарот за да ја засили одбраната.

Покрај Чемберс надвор од тимот поради повреда се уште Хектор Белерин и Мартинели, а на натпреварот против Вест Хем се повреди и Киран Тирајни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тоне во повреди, Торино го прескокна: Торино има нова причина за славење

Нико и Челик се надвор од комбинација до паузата, а Сар е неизвесен за Лече. Во меѓувреме,…