Дома Фудбал Останато Роналдо избран за фудбалер на годината според „Глоуб сокер“ (видео)

Роналдо избран за фудбалер на годината според „Глоуб сокер“ (видео)

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо денес беше прогласен за најдобар фудбалер во 2019 година според Глоуб Сокер Авордс“, церемонија која се одржа во Дубаи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо ја добива наградата за своите 40 гола кои ги постигна за Јувентус по доаѓањето од Реал Мадрид и освоеното скудето минатата сезона, како и предводењето на Португалија до титула од Лигата на нации на УЕФА.

За најдобра фудбалерка во 2019 година во светот во Дубаи, наградата ја доби Луси Бронз која настапува за Лион и репрезентацијата на Англија, додека за најдобар тренер е прогласен Јирген Клоп од Ливерпул. 

Признанија добиле и Миралем Пјаниќ за својата успешна кариера, Жорге Мендеш како најуспешен агент и Андреа Берта од Атлетико Мадрид за најдобар спортски директор. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…