Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да биде презадоволен откако неговата екипа синоќа го прегази Лестер со 4:0 во 19. коло од англиската Премиер лига и така едната рака веќе ја стави на трофејот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предноста на „Црвените“ во однос на второпласираниот Лестер сега е 13 бода и треба да се случи чудо тимот на Клоп оваа предност да ја прокоцка.
Сепак, Германецот после натпреварот порача дека воопшто не размислува за титулата.
„Единственото што се менува за нас се бројките. Прво беше 10, па 11 и сега 13 бодови. Воопшто не се чуствуваме како прваци, тоа сега не не’ интересира. Се уште никој ништо не освоил, а сега не очекуваат натпреварите против Волвс, Шефилд, Евертон и Манчестер Јунајтед. За мене тоа не е завршена работа.“ – изјави Клоп после натпреварот.
Интересно е што Ливерпул следните три натпревари ги игра на „Енфилд“ против Волверхемптон, Шефилд и Евертон. Овој последен натпревар се игра во рамките на ФА Купот.