Дома Трансфер зона Кулибали за светски рекорд се сели во Премиер лигата?

Кулибали за светски рекорд се сели во Премиер лигата?

Дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали е на чекор од Арсенал, барем така тврдат англиските медиуми.

Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета го означил Сенегалецот како играч кој сака да го доведе во зимскиот преоде нрок, а бидејќи Кулибали е во конфликт со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис неговото заминување не изгледа нереално.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа ако Арсенал сака да го доведе тогаш треба да издвои сума од околу 120 милиони евра. Таа сума се споменуваше кога Кулибали се поврзуваше со Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во текот на летото.

Во случај Арсенал да го доведе Кулибали тогаш тој би станал најскап дефанзивец и ќе го сруши рекордот на Хари Мегваер кој во Јунајтед премина за 87 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…