Маурисио Покетино еден месец по отказот од Тотенхем ја доби и првата официјална понуда да се врати во тренерската работа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот го водеше лондонскиот тим од 2014 година и минатата сезона ги однесе до финале во Лигата на шампиони, но сезонава „спарси“ имаа катастрофален старт.
Веднаш по отказот Покетино се поврзуваше со многу клубови, како Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Арсенал, но не се случи никаков ангажман.
Првата понуда за Покетино пристигна од Шпанија, поточо од Бетис. Сепак тој веднаш ја одбил понудата бидејќи сака да води тим со поголеми амбиции, а Бетис моментално не на 13-то место во Ла Лига.