Дома Фудбал Англија Реал Мадрид се откажа од Погба

Реал Мадрид се откажа од Погба

Пол Погба овој викенд конечно се врати на теренот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Французинот се повреди на крајот на септември и од тогаш не игра, а на натпреварот помеѓу Ватфорд и Манчестер Јунајтед влезе во игра во 64. минута.

Многумина веруваа дека Погба повеќе нема да го видат во дресот на Јунајтед со оглед на тоа дека неодамна се појави информација дека тој не сака да се врати на тренинзи иако е опоравен од повредата бидејќи чека во јануари да потпише за Реал Мадрид.

Зидан веќе некое време го има на мета играчот на Јунајтед и сака да го види во својата екипа, но многу луѓе во Реал не се убедени дека тој би бил најдобриот избор за овој клуб.

Ова неодамна се пишуваше, а сега шпанската „Марка“ објави дека Реал му кажал на агентот на Пол Погба, Мино Раиоли, дека тие нема да го доведат во јануари.

Пишуваат дека во Мадрид повеќе не го посакуваат Погба со оглед на тоа што Валверде оваа сезона игра одлично, па се чини дека Французинот сепак нема да се пресели во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…