Дома Фудбал Лукаку: Ако тоа го кажа еден Роналдо, тогаш треба да ви биде јасно

Лукаку: Ако тоа го кажа еден Роналдо, тогаш треба да ви биде јасно

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку изјави дека Кристијано Роналдо го предупредил за тоа колку е силна Серија А.

Белгиецот во понеделникот даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое го даде споредба за играњето во Серија А во однос на Премиер Лигата, а исто така призна и што му кажал Роналдо кога пристигнал во Италија.

„Ми рече дека ова е најтешката лига на светот.“ – признава Лукаку.

Лукаку во својата прва сезона за Интер постигна 14 гола на 22 натпревари , од кои 12 постигна во Серија А.

“Роналдо рече дека постигнувал голови секаде, но овде е најтешко за него. Ако некој како Роналдо смета дека е тешко, тогаш мора да биде навистина тешко.” – истакна Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…