Во рамките од 17. коло во италијанското првенство во терминот од 12:30 часот својот натпревар го одиграа Аталанта и Милан.
Некогаш чудно ќе звучеше, но со оглед на актуелната ситуација и форма Аталанта пред натпреварот беше благ фаворит и тоа го покажа на теренот. Сепак 5:0 колку што изгуби денес Милан е премногу и очигледно со доаѓањето на Пиоли раотите не се променија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потопот започна во 10. Минута кога Папу Гомез во еден одличен соло продор ја протна топката низ нозете на Конти и го матираше Донарума. Во продолжение од првите 45 минути не видовме погодоци.
Пашалиќ на истекот на еден час игра ја смести топката во мрежата за 2:0, а само две минути подоцна Иличиќ зголеми на 3:0. Во 72. со еден мајсторски удар Иличиќ погодува за високи 4:0.
За катастрофата да биде поголма се погрижи Муриел во 83. минутата.
Милан после овој пораз е на 10.тата позиција, додека Аталанта се врати на петтата.