Meнаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо потврди дека клубот од Лондон нема да биде активен во претстојниот зимски преоден рок.
Португалецот кој неодамна седна на клупата на „Петлите“ порача дека не барал клубот да му обезбеди финансиски средства
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Опуштен сум бидејќи го добив она што го очекував. Очекував дека ќе ме прашате дали сум вознемирен што Даниел Леви изјави дека нема да троши во јануари. Не, не сум вознемирен. Го знаев тоа. Се беше јасно. Помеѓу нас во клубот нема тајни и тоа ме прави среќен. Во јануари не ми се потребни 300 милиони фунти, не ми се потребни ниту нови играчи“, изјави Мурињо.
Претходно се пишуваше дека Мурињо сака да го освежи тимот и да доведе замена за Кристијан Ериксен кој оваа сезона игра под очекувањата.
Jose is all Spurs! pic.twitter.com/hk3g99MNEc
— Tottenham News (@Spurs_fl) December 22, 2019