Дома Фудбал Останато Михајловиќ доби големо признание, па со емотивен говор ги расплака сите

Михајловиќ доби големо признание, па со емотивен говор ги расплака сите

Тренерот на Болоња, Синиша Михахловиќ вечерва рече во Белград, каде на гала церемонија ја прими „Златната топка“ за најдобар тренер.

Првпат откаму му беше дијагностицирана опасната болест, Синиша Михајловиќ пристигна во Белград и одржа емотивен говор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Си ветив дека нема да плачам. Ви благодарам. Оваа награда многу ми значи затоа што доаѓа од мојот народ. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои покажаа љубов во моментот кога четири, пет месеци бев во болница. Веќе триесет години живеам во Италија, но секогаш ќе бидам Србин. Се надевам дека не ве разочарав и дека ќе продолжам да ја преставувам Србија на најдобар начин“, изјави Михајловиќ.

„За мене, ова е најголемото признание што можев да го добијам во кариерата. Ми дадовте голема сила. Без вас, ќе ми беше многу потешко да го надминам она што го поминав. За мене, тоа е голема работа што никогаш нема да можам да ја заборавам“, додаде Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…