Дома Трансфер зона Симеоне го „краде“ Матиќ пред носот на Интер

Симеоне го „краде“ Матиќ пред носот на Интер

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа сезона, Матиќ е незадоволен од минутажата која му ја дава Солскјер и одлучен е во намерата да го напушти „Олд Трафорд“, особено дека не му беше понудено продолжување на договорот.

Медиумите на Островот пишуваат дека трансферот на Матиќ би можел да се случи во јануари, а има неколку конкуренти за неговиот потпис.

Милански Интер од поодамна е заинтересиран за Србинот, но сега во трката за неговиот потпис сериозно се вклучи и Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне сака да го засили својот среден ред со искусниот фудбалер и наводно веќе доставил понуда до неговиот агент.

Сега останува на Матиќ да избере – Милано или Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…