Дома Фудбал Мијатовиќ: Со Роналдо во тимот Реал ќе победеше на „Камп Ноу“

Мијатовиќ: Со Роналдо во тимот Реал ќе победеше на „Камп Ноу“

Поранешниот фудбалер и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ смета дека отсуството на фудбалер како Кристиано Роналдо била главна причина „кралевите“ да не ја победат Барселона на „Камп Ноу“.

„Ел Класико“ пред неколку дена се играше на „Камп Ноу“ и заврши 0:0, а Мијатовиќ смета дека со Роналдо во тимот „кралевите“ ќе ги освоеа трите бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На прво место, ми недостасуваше Роналдо или играч како него, иако нема многу такви. Со ваков „убиец“, Реал би постигнал гол и од Камп Ноу ќе си заминеше со победа“, смета Мијатовиќ.

„Во Барселона немаат проблем со Реал Мадрид, кој зависи од Карим Бензема. Кога Меси нема да постигне гол, постигнува Суарез или некој друг. Ме плаши тоа што кога Бензема нема свој ден, Серхио Рамос станува втор стрелец, но тој е дефанзивец , вели Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…