Дома Фудбал Англија Леви: Покетино може да се врати во Тотенхем

Леви: Покетино може да се врати во Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не ја отфрли можноста еден ден Маурисио Покетино да се врати на кормилото на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот доби отказ минатиот месец, откако минатата сезона го постигна најголемиот успех во историјата на Тотенхем и го однесе тимот во финалето од Лигата на шампиони.

Покетино имаше успешни пет години на кормилото на Тотенхем, а Леви не ја ја отфрли можноста еден ден да се врати.

„Треба да разверете дека во изминатите 5,5 години изградив одлични лични односи со Маурисио. Ваквата разделба е нешто што никогаш не сум го сакал, па беше многу тешко да донесеме таква одлука. Му соопштив и тој го разбра тоа. Сигурен сум дека ќе се врати посилен и ќе добие шанса да води друг голем клуб“.

„Можеби еден ден ќе се врати во Тотенхем. Маурисио одработи одлична работа за нас и ние сме му благодарни. Се уште сум во контакт со него. Едноставно дојде момент кога мораше да се разделиме“, изјави Леви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо бара наследник на Модриќ и инвестира 100 милиони евра

Жозе Мурињо продолжува со активно градење на тимот на Реал Мадрид за сезоната 2026/27. Иак…