Дома Трансфер зона Раиола од Јунајтед бара 12 милиони за трасферот на Халанд

Раиола од Јунајтед бара 12 милиони за трасферот на Халанд

Медиумите на Островот сметаат дека и покрај големата конкуренција, Манчестер Јунајтед е главен фаворит за потписот на голгетерската сензација од Салцбург, Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19 годишниот напаѓач е „достапен“ за сите заинтересирани клубови за неговите услуги за само 25 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, плус обврските кон агентот на напаѓачот.

Станува збор за добро познатиот агент Мино Раиола, кој како „комисиона“ бара 12 милиони фунти, доколку трансферот биде реализиран во јануари.

На крајот на сезоната откупната клаузула на Халанд ќе биде зголемена на 76 милиони фунти, па заедно со бонусот за менаџерот сумата ќе достигна до 88 милиони фунти.

Поради тоа, Манчестер Јунајтед или другите заинтересирани клубови ќе мора да му ја платат сумата на Раиола, ако го сакаат напаѓачот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…