Дома Македонски спорт Мак ракомет ЕХФ: Кога ќе кажеме Македонија помислуваме на Кире Лазаров (ФОТО)

ЕХФ: Кога ќе кажеме Македонија помислуваме на Кире Лазаров (ФОТО)

Во пресрет на Европското првенство во 2020 година ЕХФ очекувано прави анализа на сите противници, па дојде ред и на нашата репрезентација која од клупата ја предови Данило Брестовац.

На официјалниот сајт на ЕХФ поставија три главни точки.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ќе го одведе ли Брестовац тимот до главната рунда?

„Додека некои се сомневаат во него, Македонија со Брестовац победи на три од последните четири натпревари во квалификациите. Во тие натпревари играа и против Исланд“.

Колку ќе помогне Лазаров?

„Кога зборуваме за Македонија првото име на кое помислуваме е Кире Лазров. Тој одигра повеќе од 200 натпревари за две децении. Во негова сопственост се сите рекорди“.

Ќе го исполнат ли младите потенцијалот?

„Брестовац има неколку нови имиња кои ги воигрува подолго време. Според него младите можат да го исполнат потенцијалнот и да станат големи играчи само на вакви големи натпреварувања“, стои помеѓу другото во најавата на ЕХФ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…