Дома Фудбал Англија Гвардиола: Повеќе нема да зборувам за Артета

Гвардиола: Повеќе нема да зборувам за Артета

Последниве денови, во англиските медиуми се појавија многу шпекулации дека Микел Артета ќе седне на клупата на Арсенал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Топџиите после лошите резултати неодамна ја раскинаа соработката со Емери, а иако во опција беа неколку тренерски имиња, изборот наводно паднал на помошник-тренерот на Манчестер Сити.

Прашањата за заминувањето на Артета во Арсенал не го заобиколува ниту Пеп Гвардиола, кој се чини дека е уморен зборувајќи за судбината на неговата „десна рака“.

“Немам коментар бидејќи сe уште нема вести. Во изминатите неколку дена одговорив на 48 прашања во врска со Микел. Повеќе не одговарам. Ако се случи нешто, ќе бидете информирани”, рече Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рудигер му удрил шлаканица на Карерас – објавени нови детали од инцидентот

Тензиите во соблекувалната на Реал Мадрид очигледно биле далеку поголеми отколку што се пр…